• Горан Упале

Машката ракометна селекција на Македонија денес го има своето прво гостување во рамки од квалификациите за Европското првенство во Германија, во 2024 година. Нашите момци во Ван ќе ѝ се спротистават на Турција, селекција која што беше убедливо поразена од Португалија во воведното коло.
Турскиот селектор, Окан Халај истакна дека натпреварот со Македонија ќе им биде еден од најважните во нивната историја.
„Го играме можеби еден од најважните натпревари во историјата. Ако го добиеме натпреварот, нашата веројатност да играме на Европското првенство ќе достигне 60%. Може и 70%. Како тим свесни сме за ова. Мислам дека публиката ќе нè поддржи на овој важен натпревар. Ако овие трибини се полни, ќе се бориме до крај да ги израдуваме навивачите, но и цела Турција“, рече турскиот селектор.
Натпреварот меѓу Турцја и Македонија се игра денес, со почеток од 16:00 часот.