Турција со една бундеслигашка ѕвезда и „охриѓанецот“ Озтурк против Македонија

Ракометната селекција на Турција ќе биде еден од противниците на Македонија на претстојните квалификации за Европското првенство во 2024 година.

Нашите избраници овој октомврискиот репрезентативен циклус ќе то отворат со дуел со Луксембург на свој терен, а потоа следува гостување во Турција. Селекторот Окан Халај денес го објави списокот на ракометари за стартот на квалификациите. Повик добија 24 ракометари, од кои шеснаесет ќе бидат во финалниот ростер. Меѓу повиканите е и ракометарот на Охрид, Халил Озтурк, како и членот на Хановер во Бундеслигата, Корај Ајар.

  • Списокот на Турција:


Натпреварот меѓу Турција и Македонија е закажан за 16 октомври. Четири дена претходно избраниците на Лазаров ќе се судрат со Луксембург.