Турција го декласира Луксембург и се израмни со Македонија во квалификациите за ЕП

Ракометната репрезентација на Турција ја запиша втората победа во групата 1 во рамките на квалификациите за Европското првенство и се израмни со Македонија. Оваа селекција рутински го декласира Луксембург со 31-20 (17-8), во четвртото коло од квалификациската група. 

Аутсајдерот беше целосно надигран, уште од стартот Турците отвори добро и бргу поведе со 6-1. Иако Луксембург се спротивстави, се врати на -2, но немаше сили за ништо повеќе. Со неколку мини серии фаворитот се одлепи и на одмор замина со 17-8. Во продолжението предноста само порасна, турските ракометари најчесто имаа двоцифрено водство и убедливо се радуваа. 

Со оваа победа Турција се израмни на табелата во групата со Македонија со по две победи. Нашиот национален тим ќе се судри со Португалија попладнево во Порто, а таму домаќинот важи за апсолутен фаворит.

Младиот тим на Лазаров местото на евро-шампионатот треба да го бара во домашната пресметка против Турција во април.