Тунис ремизираше со Црна Гора, Шпанија ја декласира Аргентина

Нашиот прв противник на Светското првенство во Франција, Тунис во променлива форма го чека големиот собир. Селекцијата која ја победија Македонија на Обрван во Олимписките квалификации во април оваа година во Гдањск, денес ремизираше со Црна Гора, 31-31 во последниот тест пред мечот со нашата селекција в четврток во Мец.

Повредените Жалуз и Теж првпат настапија во подготвителниот период и најавија дека повредите се минато. Во тунискиот тим најефикасен беше Буганми со дури 12 гола, соиграчот на Лазаров, Жалуз беше автор на 5 гола, а Бенур даде 3 гола.

Носителот во нашата група, Шпанија на турнирот во Ирун по вчерашната победа над Полска, денес ја совлада и Аргентина со 38-25 (17-10). Алекс Душебаев беше автор на 2 гола, а со по 5 се истакнаа Гоњи, Анхел Фернандез и Ривера. Утре „црвената фурија“ игра против Катар во последниот меч на турнирот и последната подготовка за Светското првенство.