Тунис очекувано ја надигра Саудиска Арабија и врза две победи по ред на СП

Тунис
Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Тунис ја оправда фаворитската улога и ја надигра Саудиска Арабија (20-24), за втора победа во низа во групата Ц.

По триумфот над Чиле во претходното коло, Тунижаните запишаа нови бодови и се искачија на третата позиција која води во следната фаза. Во натпревар со малку голови, ракометарите на Саудиска Арабија го запишаа четвртиот неуспех на овогодишниот Мундијал. Одиграа слабо прво полувреме, во кое дозволија противникот да се одлепи на +4, а потоа играа рамо до рамо во продолжението, што не беше доволно за позитивен резултат.

Мосба Санаи и Осама Буханми со по седум гола ја предводеа листата на стрелци кај победникот.

Во рамки од истата група, Данска и Норвешка се големи фаворити во дуелите со Австрија, односно Чиле.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0