ВИДЕО: Тунис ја победи Ангола и ќе навива за Македонија за да игра осминафинале

Gol.mk на светско првенство во ракомет

Во првиот натпревар од последното 5. коло од групата Б на Светското првенство во Франција, Тунис ја совлада Ангола со 43-34 (23-16) и сега е во исчекување на исходот на натпреварот Македонија – Исланд, каде само победа на момците на Червар ги води во четвртфиналето на мегдан на Фарнција. 

За разлика од претходните мечеви момците на тренерот Зуаби многу сериозно влегоа во дуелот со Ангола и водени од Жабалах и Банур брзо се одлепија на +4. До полувремето играта стана побрза, скоро и да не постоеја одбрани и во реприза од последното африкански полуфинале во Каиро, Туни веќе на полувреме имаше 23-16. Овие 39 гола се најмногу за едно полувреме на целото првенство.

И второто полувреме започна со молскавични напади и практично без одбрани. Нападите на двете селекции завршуваа за неколку секунди, а инвидуалниот квалитет на туниските ракометари дојде до израз. 

Младиот голман на Ангола, Есвалдо Фереира со неколку одлични интервенции ја врати Ангола во мечот, па Лопес од транзиција погоди за 31-26 во 44. минута. Сепак, Мозбах Санаи се разигра и Тунижаните брзо се вратија на комотни +8 во 48. минута. 

До крајот поквалитетниот тим на Тунис го приведе мечот кон крај за финална победа од 43-34. Најефикасни во туниската селекција беа Банур со 10 и Санаи со 7 гола, а кај Анголците се истакнаа Тека со 10 и Лопес со 7 гола.

Сега само победа на македонската репрезентација го води Тунис во четвртфиналето. Во спротивно утре ќе заминат во Брест на „Президент Купот“ во борба за пласман од 16 до 24 место. 

 

Значајна победа за потврда на осминафиналето забележа и Русија, која во рамките на А групата го победи Бразил со 28-24 (14-15). Вардарецот Деревен, заедно со Шелменко со по 5 гола беа најефикасни, а Дибиров и Шишкарев не настапија. Кај Бразил се истакнаа Позер, Толедо и Лангаро со по 5 гола.