Тулуз со три гола во низа во финишот се избори за реми кај Адемар Леон

По стартниот триумф над нашиот Металург, екипата на Тулуз го запиша и првото реми во премиерното издание на Европската лига на ЕХФ.

Вечерва, во рамки од второто коло, францускиот претставник во ова натпреварување одигра моќен финиш и не дозволи пораз на гостувањето во Шпанија (30-30), иако домаќинот Адемар Леон речиси во текот на целиот натпревар го имаше водството во своите раце.

По минималната предност по првите 30 минути (15-14), шпанскиот тим одлично го отвори вториот дел и за првпат се одлепи на пет гола позитива, но ниту тоа не беше доволно за победа, затоа што Тулуз со три гола во низа во финишот се избори за бод од ова гостување. 

  • Адемар Леон - Тулуз 26-26:

Марчан со седум гола и Перез и Семебо со по пет беа најпрецизни во таборот на домашниот тим, додека кај Тулуз се истакнаа Абди и Илиќ со по четири погодоци.

Нашиот претставник Металург поради позитивни случаи на ковид-19 не го одигра денешниот дуел со полска Висла. 

Осум натпревари од денешната програма се одложени заради позитивни случаи на коронавирус.