Тулуз режираше сензација во Франција – го победи ПСЖ на Раул со ОСУМ разлика

Ракометарите на Тулуз ја приредија најголемата сензација во поновата историја на францускиот шампионат, откако во рамките од третото коло славеа победа над ѕвездениот тим на Пари Сен Жермен, и тоа со осум гола разлика (35-27).

Тулуз, кој сезоната ја започна со победа и пораз, одигра фантастичен натпревар против фаворизираниот противник. Мотивираноста кај домашните ракометари можеше да се забележи уште во првиот дел, кој на крај го добија со 17-13. 

Момците на Раул Гонзалез и во вториот дел тргнаа лошо и со многу технички грешки во нападот, а Тулуз тоа најдобро го искористи и се избори за неверојатна победа од 35-27 .

За моќниот ПСЖ ова беше прв пораз по 38 одиграни натпревари во домашниот шампионат, односно по поразот од Нант во 2021 година.