Тулуз ранет го пречекува Вардар, доби сопка на првиот евро-предизвик

Екипата на Тулуз е следниот противник на Вардар во Европската лига на ЕХФ, а францускиот тим имаше неочекуван старт со пораз.

Тулуз важеше за фаворит на хартија, но со бодовите од Франција си заминува екипата на Кристијанштад (28-30). Шведскиот тим можеше да биде и поубедлив, со оглед на тоа што во вториот дел имаше и позитива од седум гола. На Тулуз не му помогна одличната партија на Немања Илиќ со десет гола, додека кај Кристијанштад, Аксел Мансон даде девет гола.

На останатите натпревари, Криенс победи на гости кај Елверум (34-31), Флензбург беше подобар од Сент Рафаел (32-30), Порто не виде мака со Фрам (38-26), два бода освои Скандерборг со Гранољерс (31-26), а во највозбудливиот меч оваа вечер, Нексе дома го надигра српски Партизан (30-22).

Полн плен освоија и Остров против Берн (32-28), односно Слован со Баја Маре (35-29).