Тулуз не доаѓа кај Металург поради новите ковид-мерки во Франција

Франција донесе нов закон и корона-мерки кога се говори за земјите кои не се во Европската унија (ЕУ), па така, покрај дуелот на ПСЖ и Вардар, нема да се игра и средбата меѓу Металург и Тулуз.

Според новиот закон во Франција, лицата кои доаѓаат или патуваат во земјите надвор од ЕУ, ќе мора да подлежат на изолација. Така, Тулуз нема да патува за Македонија каде требаше да се игра дуелот против Металург на 9 февруари.

Металург го чека дуел со Чеховски Медведи во Русија (6 февруари), а потоа, на 14 и 16 февруари следат две средби против Висла на гостински терен во Полска.