„Тројка“ на Пешевски, важен бундес-триумф за Штутгарт

Екипата на Штутгарт забележа важна победа во Бундеслигата, дома славеше над фенерџијата Минден (35-31) и со две врзани победи и едно реми избега од опасната зона и борбата за опстанок во елитата.

Уште по првото полувреме, Штутгарт покажа дека во мислите му е само победата (20-15). На овој дуел настапи и македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски кој имаше три постигнати гола. Најдобар кај Штутгарт беше Лон со шест гола, додека кај гостинот се истакна Урбан со седум реализации.

Лајпциг на домашно тло убедливо го доби Балинген (31-24). Висмах-Ларсен погоди шест пати, пред Биндер со пет гола, а кај гостинот кој играше со скратен ростер Хајнцемал заврши со пет гола. 

Вецлар без повредениот Филип Миркуловски дојде до полн плен кај Ерланген (24-27).