„Тројка“ на Лазаров, Нант до бод како планина кај Монпелје

Кирил Лазаров и неговиот Нант ги надминаа сите проблеми кои ги имаа и дојдоа до бод (27-27) на гостувањето кај Монпелје во рамки на францускиот шампионат.

Гостинот имаше проблеми поради повреди, но и покрај тоа не се предаде пред поквалитетниот противник на хартија. Нант имаше позитива од еден гол на минута пред крајот, арно ама на 10 секунди пред крајот реализира Симонет, за реми.

Лазаров на овој натпревар имаше три гола од пет обида, ама и шест загубени топки, а најдобар кај Нант беше Бриет со шест гола. Кај Монпелје прво име беше Дескат со неверојатни 13 гола.

И двете екипи уште се непоразени во Лидл Старлигата - Нант има три победи и едно реми, додека Монпелје на контото има две победи и едно реми.