„Тројка“ на Лазаров, Нант четвртфиналист во Купот на Франција

Екипата на Нант во чии редови настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Купот на Франција.

Во осминафиналната средба, Нант на Кире беше подобар од Ним, совладувајќи го со 23-21 (13-10). Фаворитот ја оправда улогата на хартија и очекувано оди во наредната рунда. Лазаров доби солидна минутажа на овој натпревар и успеа да постигне три гола од седум обиди.

Најдобар во победата беше Балагер со пет гола, а покрај Лазаров, три гола зад своето име имаше и Валеро Ривера. Кај Ним, Реми беше стрелец на шест гола.

Покрај Нант, во наредната фаза се Аикс, Данкерк, Шамбери, Нанси, Монпелје, Саран и се чека на фаворитот ПСЖ.