ФОТО: Тројца вардарци позираа за новиот каталог на „Хумел“!

Компанијата за спортска опрема „Хумел“, која воедно е и партнер на европскиот шампион Вардар, повторно се стационира во Скопје. 

За таа цел, екипа на „Хумел“ допатува во нашиот главен град и ги следеше тренинзите на Вардар, фотографирајќи ги играчите, а потоа избраа тројца ракометари кои имаа специјална фото-сесија.

Екипата на Хумел беше пријатно задоволна од одличните услови што Вардар ги има во СЦ „Јане Сандански", од фан-шопот што се наоѓа во склоп на салата и каде се продаваат дресови, опрема и други навивачки реквизити.

Павел Атман, Димитар Димитриоски и Ален Ќосевски беа играчите што имаа фото-сесија на различни места во салата и надвор, одговарајќи на барањата.