• Иван Димовски
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2025/01/08/radovish-zasiluvanja.jpg?itok=CIqKmDcC)
Ракометарите на Радовиш в четврток ги стартуваат подготовките за втората полусезона. Овој тим ќе ги почне припремите во реновираната спортска сала.
Радовишани промовираа четири нови имиња за пролетниот дел од сезоната. Во таборот на овој тим пристигнаа тројца интернационалци и едно домашно име.
Новајлии во Радовиш се Хусеин Сакр кој е либански голман, на левата бековска позиција пристигна Хамза Фалах од Тунис, десен бек е Калид Махмуд од Египет, а за позицијата кружен напаѓач пристигна Томче Трајчевски од Прилеп.
Радовиш најави неколку контролни натпревари во подготвителниот период за темпирање на формата.