• Горан Упале
Екипата на Магдебург по пауза од една година го врати најпрестижниот ракометен трофеј во своите витрини. Германскиот клуб доминантно стигна до својата втора титула во последните три сезони од Лигата на шампионите, а очекувано, токму од неговите редови доаѓаат најмногу ракометари во идеалниот тим на сезоната во елитата.
- Идеален тим на сезоната во Лигата на шампионите:
Лево крило: Емил Јакобсен (Флензбург)
Лев бек: Феликс Клар (Магдебург)
Среден бек: Гисли Кристјансон (Магдебург)
Десен бек: Матијас Гидсел (Фуксе Берлин)
Десно крило: Марио Шостариќ (ПИК Сегед)
Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Веспрем)
Голман: Емил Нилсен (Барселона)
Дефанзивец: Магнус Саугструп (Магдебург)
На завршниот турнир во Келн, Гисли Кристијансон беше избран за најкорисен ракометар, додека најдобар стрелец беше Гидсел.
ФОТО/PHOTO: SC Magdeburg (Facebook)



