Тројца Хрвати од македонското првенство на последниот список на Хорват

Хрватскиот селектор Хрвоје Хорват објави список, во пресрет на собирот како најава на Европското првенство во јануари.

Најдобрите ракометари на „каубојите“ ќе го имаат собирот на 19 декември. На списокот има дваесет имиња, меѓу кои и тројца играчи кои настапуваат во македонскиот шампионат.

Јосип Божиќ Павлетиќ и Матео Мараш ќе го претставуваат Еурофарм Пелистер, а Анте Гаџа е единствениот од редовите на Вардар 1961. На спиокот е Лука Циндриќ, но недостига Домагој Дувњак. Меѓу резервите е и поранешниот вардарец Иван Чупиќ.

Европското првенство е закажано за периодот од 13-30 јануари. Хрватска ќе игра во групата Ц, заедно со Србија, Украина и Франција.