• Саше Љолес
Египетската ракометна федерација официјално потврди дека Чави Пасквал ќе биде нов селектор на сениорската репрезентација.
Шпанскиот стратег на клупата го менува сонародникот Хуан Карлос Пастор. Од новиот селектор се очекуваат добри резултати на Олимписките игри во Соединетите Американски Држави.
Се работи за исклучително искусен тренер, кој ја водеше Барселона до неколку титули во домшното првенство и во Лигата на шампионите. Тој е предводник и на унгарскиот Веспрем, со кој стана победник на Суперглоуб турнирот.
Покрај Олимписките игри, фокус ќе биде ставен и на креирање силен тим за мундијалските квалификации. Следното Светско првенство ќе се игра за две години во Германија.




