• Саше Љолес
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одреди идеалниот тим на Европското првенство за жени во пресрет на финалниот натпревар помеѓу Норвешка и Данска.
За идеалниот тим гласаа илјадници новинари и ракометни експерти, а во него сосема заслужено се најдоа следниве ракометарки:
Лево крило: Ема Фрис (Данска)
Лев бек: Тјаша Станко (Словенија)
Среден бек: Хени Рајстад (Норвешка)
Десен бек: Катрин Клујбер (Унгарија)
Десно крило: Викторија Гиори-Лукаш (Унгарија)
Кружен напаѓач: Татјана Брновиќ (Црна Гора)
Голман: Ана Кристенсен (Данска)
Најдобар одбранбен играч: Паулета Фопа (Франција)
Најдобар млад играч: Петра Симон (Унгарија)
Најмногу ракометарки во идеалниот тим доаѓаат од репрезентацијата на Унгарија, која во битката за третото место ќе се соочи со Франција, додека големото финале помеѓу Данска и Норвешка е закажано за 15 декември, со почеток во 18:00 часот.



