• Мартин Танасковски

Ракометната Лига на шампиони е во исчекување на последното коло од групната фаза, а само едно место остана слободно за осминафиналето и тоа во групата А, каде три тима ќе водат борба за нокаут-визата.
Монпелје, Мешков Брест и Кристијанштад се тимовите кои се борат за шестата позиција во групата во која се уште Барселона, Веспрем, Вардар, Рајн Некар Левен и Киелце, чиј пласман понатаму е сигурен.
Монпелје гостува во Скопје кај Вардар, додека Мешков Брест и Кристијанштад се соочуваат во меѓусебен дуел. Кои се математиките?
- Монпелје ќе оди понатаму со победа против Вардар, или со реми сао ако Мешков Брест не победи со Кристијанштад
- Мешков Брест ќе оди понатаму ако победат против Кристијанштад, а Монпелје загуби од Вардар, додека во случај на реми, исто така потребно ќе биде Монпелје да загуби од Вардар
- Кристијанштад ќе оди понатаму ако победи против Мешков Брест, а Монпелје загуби од Вардар
Во групата А ќе има и борба за второто место, кое во осминафиналето носи двомеч со португалски Спортинг Лисабон. Таму се наоѓа Веспрем, кој игра со Киелце. Вардар чека кикс на Унгарците и со евентуална победа над Монпелје може да обезбеди полесен ривал.
Сите натпревари од ЛШ во групата А се играат в сабота со почеток од 17:30 часот.