• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Филип Талески и неговата Бенфика ја остварија целта, победија во последното коло и го потврдија пласманот во осминафиналето на Европската лига на ЕХФ.
„Орлите“ одиграа сигурен дуел на домашен терен, славеа над Бидасоа Ирун (33-30) од Шпанија и како третопласирани во групата одат во следната рунда. Филип Талески имаше меч без промашување, заврши со три гола од три обида.
Во бундес-дербито, Кил покажа моќ со Мелсунген, го совлада со 35-24. Полн плен освои и француски Лимож на домашен терен со шведски Иштад (31-30), додека Војводина остана без нокаут-рунда заради висок пораз од Порто (30-38).
Директно во четвртфиналето се Монпелје, Бидасоа Ирун, Кил и Флензбург, додека осминафиналисти покрај Бенфика се уште ГОГ Гудме, Кринс, Лимож, Мелсунген, Порто, Тулуз и Гумерсбах.
- Осминафинале, Европска лига:
ГОГ Гудме - Бенфика
*победникот игра со Флензбург
Лимож - Луцерн
*победникот игра со Кил
Гумерсбах - Мелсунген
*победникот игра со Бидасоа Ирун
Порто - Тулуз
*победникот игра со Монпелје