Три од три за Пешевски, Штутгарт во вториот дел ги скрши Балинген и Талески

Ракометарите на Штутгарт славеа на дуелот против Балинген со 32-26, во средбата од 26. коло на германската Бундеслига. Тимот каде што настапува Жарко Пешевски по израмнет прв дел, уфрли во брзина повеќе и го совлада тимот на Филип Талески. Пивотметнот беше максимален и запиша три гола од исто толку обиди, додека бекот имаше еден гол од два обиди. 

Стартот од натпреварот беше целосно изедначен и се играше егал, а највисока предност која ја имаше Штутгарт беше три голови. Сепак, по паузата фаворитот конечно го скрши отпорот и со серија од 5-0 практично го реши натпреварот. Во финишот тие поведоа и со највисоки +8, но Балинген анулираше два гола. 

Најистакнат поединец на средбата беше Владан Липовина од Балинген со осум голови, додека по шест дадоа Патрик Зикер и Одур Гретарсон.