• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Куманово формира ростер за следната сезона и донесе три млади ракометарки да бидат дел од ротацијата на екипата.
Од клубот објавија дека нови членови на кумановчанки за претстојната сезона се Михаела Николовска која има 17 години, потоа Меланија Јовановска која има 16 години, а „најстарата“ во ова трио е Ева Ѓорѓиевска која има 18 години.
Покрај што ќе игра во домашната лига, ЖРК Куманово ќе биде дел и од Европскиот Куп на ЕХФ каде во рамки на 2. коло го чека двомеч со Каскада Гарлијава од Литванија.
