Три меча во женската ЛШ одложени поради коронавирус!

Проблемите со коронавирусот полека се враќаат и со тоа доаѓа одложувањето на спортските настани.

За време на викендот нема да гледаме три од закажаните натпревари во женската Лига на шампиони. ФТЦ и Мец нема да се сретнат меѓусебе поради десет позитивни слуачи во унгарскиот клуб.

При враќањето од Русија, ракометарките на Крим направија тестови во Франкфурт и добија еден позитивен случај. Тоа донесе карантин за цела екипа во наредните десет дена, што значи дека дуелот против Есбјерг исто така е одложен.

Вчера и Ростов соопшти дека една ракометарка е позитивна на ковид-19, па поради тоа одложен е мечот против ЦСМ Букурешт.

Во рамки од оваа група единствен натпревар кој ќе се одигра овој викенд е оној меѓу Виперс и Бајтигхајм.