Три Македонки премалку за Данубиус Галаци

Романскиот тим Данубиус Галаци, каде што играат три македонски интернационалки, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ и Андреа Белеска, е елиминиран од Купот на Романија, откако во четвртфиналниот двобој загуби на гости кај Роман со 25-19.

Трите Македонки беа најдобри стрелци кај гостите, но ни тоа не беше доволно за позитивен резултат на овој натпревар. Јовановска постигна седум, Ливриниќ даде пет, додека Белеска четири пати се запиша во листата на стрелците.

На завршниот турнир се пласира Роман, а таму ќе игра и ЦСМ Букурешт, подобриот од дуелот меѓу Корона и Валчеа, а македонски претставник ќе биде Марија Штериова со нејзиниот тим Дунареа Браила.