Три клуба сакаат место во СЕХА, нема друг интерес од Македонија

Кинески Пекинг Спортс се откажа од СЕХА-лигата, па така се отвори место за нов учесник. Веќе за регионалното натпреварување постои интерес, но не од Македонија.

Наши претставници во СЕХА во новата сезона ќе бидат Вардар и Еурофарм Пелистер. Во лигата сака новиот грчки ракометен проект АЕК кој е предводен од Кристијан Угалде, а тука се романски Динамо Букурешт и Борац Бања Лука.

Засега ќе се разгледа опцијата за еден нов учесник, но не е исклучена можноста лигата да биде проширена на 14 члена и да се игра по нов формат, со организација на турнири, наместо стандардниот лигашки дел.

Се чека да се заврши актуелната сезона, па потоа челниците ќе одлучат што и како ќе биде во наредната.

Најнови вести од
СЕХА Лига