• Горан Упале
Ракометарките на Рапид Букурешт го впишаа третиот пораз во низа во Лигата на шампионите, откако на гости кај Оденсе беа поразени со убедливи 32-24.
Нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовски имаше солиден настап во дресот на романскиот шампион и зад своето име забележа три погодоци, два во првото и еден во второто полувреме.
Рапид повеќе од еден месец е без победа во ракометната елита и поради тоа моментално е надвор од зоната која што носи пласман во елиминационата фаза. Единствената победа досега ја запиша над Будуќност во првото коло, а во второто ремизираше со Вајперс Кристиансанд, во натпревар во кој Сара исто така постигна три гола.