Три гола на Талески, Татабања во европско полуфинале

Екипата на Татабања од Унгарија ќе игра во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, откако славеше на гостински терен во Турција кај Нилуфер со 37-35 и ја оствари целта.

По изненадувачкото реми во Унгарија, тимот се консолидира и го возврати ударот. Во редовите на Татабања игра македонскиот интернационалец Филип Талески кој имаше три гола од три обиди според записникот.

Најдобар кај Татабања беше Дмитри Житников со осум гола, додека кај турскиот тим најмногу се истакна Владан Ѓурѓевиќ со осум постигнати гола.

Во полуфиналето на ЕХФ Купот, Татабања ќе игра со Извиѓач или Карвина.