Три гола на Ристовска со Есбјерг, Будуќност го сопна гигантот Ѓер

Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска настапи за нејзиниот Рапид Букурешт во Лигата на шампионите, но доживеа пораз на гостувањето кај дански Есбјерг (39-32).

Крилото имаше реализација од три погодока и беше една од најдобрите стрелци на својот тим. Втората македонска репрезентативка во ЛШ, Ива Младеновска, не беше во ростерот на Брест кој победи на гости кај Лудвигсбург (33-26).

Големо изненадување приреди тимот на Будуќност, кој во Црна Гора и со улога на аутсајдер му скина бод на големиот фаворит и еден од првите кандидати за европскиот трон Ѓер (23-23).

Во последниот дуел од програмата на женската ракометна ЛШ, ЦСМ Букурешт беше за еден гол подобар од дански НФХ (27-26).