Три гола на Ристовска, ЦСКА до петта победа во ЛШ

Македонската репрезентативка Сара Ристовска продолжи да ниже победи во ракометната Лига на шампиони. Крилото и нејзината ЦСКА Москва триумфираа над Одензе (27-23) и ја продолжија успешната низа.

Рускиот тим има пет врзани победи во серија и по шест кола е непоразен, ако се земе предвид дека има едно реми и тоа со фаворитот во групата Ѓер. Ристовска на овој натпревар постигна три гола, од вкупно пет обида.

Ѓер, пак, беше убедлив со Борусија Дортмунд (38-25). Водеше од почеток до крајот и го задржа врвот во групата Б.

Во следната рунда Ристовска и ЦСКА гостуваат кај Одензе и со евентуална победа драстично ќе ги зголемат шансите за директно место во четвртфиналето.