Три гола на Пешевски во поразот на Штутгарт кај Мелсунген

Ракометарите на Штутгарт каде што настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски доживеаја трети пораз во низа, на гости кај Мелсунген (29-23). Домаќинот ја оправда фаворитската улога и прокнижи нови бодови со кои се одржа во битката за Европа. 

Со одличен старт Мелсунген рано се одлепи и водеше со 4-0 и 5-1. Сепак, Штутгарт се врати и дојде до егал, а пред паузата и поведе со 13-15. Изедначената игра продолжи и по паузата, но бргу се променија работите на теренот и една добра серија беше доволна Мелсунген да се одлепи и победи. 

Пешевски натпреварот го заврши со три погодоци од пет обиди за Штутгарт. Најдобри поединци на натпреварот беа Виго Кристјансон и Тимо Кастенинг со по осум реализации. 

Во пладневниот термин во Бундеслигата се одиграа уште два дуели. Лемго се радуваше на гости кај Либек (26-28), додека Минден дома загуби од Гепинген (30-33).