Три гола на Лазаров, шок за Нант од Ним

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговиот Нант доживеаја шок во француската Старлига и на домашен терен загубија од аутсајдерот на хартија Ним (33-34).

Нант во еден дел од мечот имаше предност од пет гола, но истата беше недоволна како што изгледа. Кам-бекот на Ним беше во последните десет минути, кога од 29-24, се направи резултатски пресврт, а на крајот се победи со 33-36.

Лазаров на средбата даде три гола од шест обида, а најдобар беше Лагард со шест гола. Кај Ним, Дупуј беше клучна фигура со шест гола.