ВИДЕО: Три години од лудиот гол на Циндриќ и солзите на Барселона во Келн!

На трети јуни пред три години, Вардар го зададе првиот удар на завршниот турнир во Келн и ја победи екипата на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Херој во последните секунди беше хрватскиот среден бек Лука Циндриќ (сега настапува за Барселона), откако со луд гол ги расплака Каталонците, предводени од Лазаров и Ристовски и го одведе Вардар во големото финале.

  • Потсетете се на голот на Циндриќ и првиот подвиг на Вардар во „Ланксес Арена“:

Ден подоцна, Вардар го победи и ПСЖ и стана европски првак, првпат во својата историја и историјата на македонскиот машки ракомет.