• Горан Упале
Три германски гиганти и Динамо Букурешт попладнево ќе ја започнат последната битка за трофејот во второто натпреварување на ЕХФ – Европската лига. Викендов ќе се одржи завршниот турнир во Хамбург, а денес на програмата се двете полуфинални средби
Од 15:00 часот ќе се соочат Флензбург и Динамо Букурешт, додека три часа подоцна во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Фуксе Берлин и Рајн Некар Левен.
Бранителот на титулата е Фуксе Берлин, кој минатата сезона славеше на завршниот турнир во Флензбург, каде во финалето беше поуспешен од тимот на Гранољерс, а претходно во полуфиналето го збриша Монпелје.
Според обложувалниците прв фаворит за трофејот е токму Фуксе Берлин, а најмали се шансите за Рајн Некар Левен.