Три француски легенди денес последен пат играат за репрезентацијата?

Франција претрпе дебакл со двата порази на стартот на групната фаза на Европско првенство и денес против Босна и Херцеговина ќе го одигра последниот натпревар на шампионатот.

Од репрезентативниот дрес се простуваат Мишел Гигу, Лук Абало и Седрик Сорендо. Само настап на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио може да ги предомисли. Сепак, со оваа рана елиминација „галските петли“ на Динар може да останат без можност да се борат за олимпиското злато и само вајлд-карта може да ги спаси. 

Многу блиску до крај на репрезентативната кариера е и Никола Карабатиќ, веројатно последниот од шампионските генерации на Клод Онеста кој ќе настапува за францускиот национален тим.

Пласманот на Европското првенство на Франција ќе биде меѓу 12-тото и 24-тото место.