Три, два, еден – ГОТОВО Е: Еве како Србија го прослави пласманот на СП (ВИДЕО)

Ракометната селекција на Србија приреди изненадување во бараж-двомечот со Унгарија и се пласира на Светското првенство во Германија во јануари следната година. 

„Орлите“ во овој бараж влегоа како аутсајдери, но Раул Гонзалез и неговите избраници покажаа невиден карактер и квалитет и заслужено обезбедија мундијалска виза. Последните секунди од реваншот во Веспрем беа стресни, Унгарија имаше напад за победа од два гола, но Србите се одбранија и го започнаа лудото славје пред своите навивачи.

На ждрепката со Минхен на десетти јуни Србија ќе биде сместена во вториот шешир и нема да може да биде во иста група со Македонија