• Иван Димовски

Суперлигашот Скопје 2020 го ангажира третото ново име за новата сезона.
Нов ракометар на амбициозниот скопски проект е Дамјан Јакимовски. Младото момче настапува на позицијата десно крило, доаѓа од таборот на Работнички. Јакимовски е дете на Вардар, настапуваше во младинските екипи, а беше дел и од вториот тим на овој клуб.
Скопје го ангажира Горан Кузманоски за нов предводник на тимот, го засили ростерот со голманот Никола Радовановиќ и кружниот напаѓач Игор Трајковски, а сега Јакимовски е трето засилување.
Следната сезона во Суперлигата ќе започне со групна фаза. Скопје ќе игра во Б конкуренцијата, ќе игра со двете екипи на Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.