• Иван Димовски

Ракометарите на Алкалоид се радуваа на трета победа во подготвителниот период за втората полусезона во Суперлигата на Македонија.
За време на престојот во Србија, тимот предводен од Кирил Лазаров убедливо слави против РК Црвенка со 34-23. Алкалоид покажа квалитет, го надигра српскиот противник и лесно го совлада за трето славје во оваа земја. За тимот заиграа и новите засилувања кои оваа зима го засилија ростерот, Иван Џонов, Костадин Петров и Лука Саврески.
По оваа победа Алкалоид се враќа во Македонија, поточно во Скопје, каде што ќе ги продолжи подготовките за продолжението на сезоната. Амбициите на клубот се битка за што е можно подобар пласман, па дури и битка за местата кои водат во Европа.