Трета победа во низа за Монпелје, го среди и Мешков Брест во ЛШ

Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Монпелје дојде до третото славје во низа, па на својата серија по Кил и Вардар го додаде и Мешков Брест. Пресметката во Франција се решаваше во вториот дел, а домаќинот победи со 32-26 (14-12). 

По воведното водство на Монпелје, белорускиот гостин беше тој кој ја презеде иницијативата и дојде до највисоки +3. Сепак, предноста брзо беше прокоцкана, па со мини-серија од 3-0 Монпелје дојде до два гола позитива кои беа активни и на полувремето. 

Иако Мешков се обиде да се наметне и во второто, како во првото полувреме сепак не успеа во тоа. Со добра игра во одбаната и казна на секоја противничка грешка, Монпелје се одлепи и поведе со 22-17. До крајот францускиот тим го задржа водството и лесно прокнижи нови бодови. 

Со третата победа во Лигата на шампионите Монпелје се израмни со Кил на втората позиција со по седум бода, додека Мешков остана последен без ниту еден.