• Мартин Танасковски

Шведска поради состојбата со коронавирусот реши да ја прекине сезоната во ракометниот шампионат и да го прогласи првакот според актуелната ситуација на табелата.
Досега се одигра 31 коло, а првопласирана е екипата на Алингсас која е нов првак на земјата. Лидерот заврши со 48 бода, еден повеќе од второпласираниот Малме и два повеќе од третопласираниот Кристијанштад.
Претходно во целост се прекинаа ракометните шампионати и во Норвешка и Швајцарија и се прогласија шампиони. ЕХФ и ИХФ ставија пауза на сите ракометни шампионати, а одлуката ја оставаат на федерациите, во зависност од ситуацијата.
Поради коронавирусот поместени се и олимписките квалификации кои наместо во април ќе се играат во јуни.