Трет триумф во ЛШ за Кристијанштад, Мец без проблеми во Љубљана

Екипата на Кристијанштад ја забележа втората победа во групата Б од Лигата на шампионите, откако славеше во натпреварот против Лудвигзбург со конечен резултат 30-23. 

Домашниот состав го најави триумфот уште по првите триесет минути (16-11), а во второто полувреме само го потврди веќе започнатото и обезбеди нови бодови во својата конкуренција. Хове Тува Улсакер го предводеше Кристијанштад со девет постигнати подогоци, а на спротивната страна најдобар учинок имаа Беренд и Дол, кои постигнаа по четири гола. 

Убедлив триумф извојува и екипата на Мец, која славеше со високи 25-34 на гостувањето во Словенија кај тимот на Љубљана. Натпреварот од групата А го потврди фаворитскиот статус на Французинките кои ја запечатија победата со одлична игра во второто полувреме. 

Најдобра кај победничкиот состав беше Клое Валентини со осум голови, додека кај Љубљана најмногу се истакна Бетшадел Нгомбеле со пет погодоци.