Тренинг-победа на Еурофарм, му даде 47 гола на фенерџијата Борец

Лидерот во македонската ракометна Суперлига, Еурофарм Работник, одигра доминантен меч против фенерџијата Борец од Велес и во салата „Боро Чурлевски“ во Битола дојде до висок триумф (47-13).

Велешани беа тотално надиграни од фаворитот, а не можеа да дадат отпор, затоа што против себе имаа поискусен противник, иако Еурофарм беше без речиси цел тим што играше против Нексе во ЕХФ Купот. Оваа сезона Борец од Велес се соочува со големи проблеми, средбите ги игра со младинци, а прашање е како ќе продолжи и дали ќе продолжи да функционира клубот по крајот на сезоната.

Дека мечот во Битола убедливо ќе заврши во корист на Еурофарм, домаќините дадоа до знаење откако го задржаа речиси десет минути противникот без гол и имаа предност од 6-0. Потоа, се дојде до прва двоцифрена предност од 12-2, за истата константно да се одржува. Еурофарм водеше и со 20-3, на паузата имаше предност од 24-5, за во вториот дел, во воведните десет минути, да дојде и до огромни 35-9. Понатаму, веќе се беше јасно.

Најдобри кај Еурофарм Работник беа Каковски со 14, Блажевски со 13, како и Мандиќ со 10 гола, сите тројца младински ракометари, додека кај Борец, Лазар Стојанов беше најефикасен со седум гола.

Еурофарм Работник ја запиша 14-тата победа по 15 одиграни кола во актуелната сезона и во плеј-офот сигурно ќе влезе како лидер. Борец, пак, го запиша 16 пораз на 16 средби и испаѓа од ракометната елита.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0