• Иван Димовски
Фуксе Берлин дојде во Битола и убедливо го победи Еурофарм Пелистер (22-30) во рамките на второто коло на Лигата на ракометните шампиони. Германците ја оправдаа фаворитската улога и не дозволија изненадување, па впишаа бодови во „Боро Чурлевски“.
Победата на средбата со медиумите ја анализираше германскиот тренер Јарон Сиверт.
„Среќни сме за победата во оваа тешка и жешка атмосфера. Емоциите беа високи на стартот, а по петнаесет минути го кренавме темпото. Заигравме поцврста одбрана и голманот ни беше во форма. Во продолжението знаевме дека пелистерци можат да ни наштетат како против ПСЖ. Дадовме максимум и се фокусиравме доста на одбраната, 22 примени гола е добра бројка. Среќни сза првиот триумф во Лигата на шампионите по долго време“, изјави Сиверт.
Германците на стартот на сезоната во елитното натпреварување загубија од Веспрем, па сега ја впишаа првата победа. Од друга страна Еурофарм Пелистер е на два неуспеси.