• Иван Димовски

Подготовките завршија, Металург ќе го има првиот настап во групната фаза од Европската лига со гостувањето кај Тулуз попладнево.
Предводниците на двата тима, Филип Гарден и Зоран Кастратовиќ „ги открија картите“ и ги објавија официјалните состави и играчи кои ќе бидат во протоколот за настап.
Тулуз:
Летенс, Оливеира де Алмеида, Судри, Илиќ, Жилберт, Соколиќ, Борзаш, Јакобсен, Леванту, Шеле, Кемпф, Трибилон, Бен Халима, Абди, Мармиер и Бертини.
Металург:
Дупјачанец, Ѓорѓески, Хорват, Маркоски, Рниќ, Тарабокија, Потиќ, Поповиќ, Канкараш, Лазаревски, Шилегов, Мариќ, Младеновиќ, Додиќ и Кондев.
Натпреварот во Франција, ќој ќе се одигра во „Палатата на спортови“ во Тулуз е со изменет термин и почеток од 18:45 часот, а правдата ќе ја делат романските судии Пирву Михаи и Потирниш Раду, додека доделен е домашен делегат во името на Дибеду Жан-Филип.