ФОТО: Трендот продолжува и со новото раководство, Стефанов прослави со ракометарите! 

Македонија се радува на уште еден успех на ракометарите. Избраниците на Кирил Лазаров ја оправдаа улогата на фаворит против Литванија и со убедливата победа од 26-17 обезбедија виза за Европското првенство следната година. 

За Македонија тоа ќе биде петнаесетто големо натпреварување во низа, а прво под водство на новото раководство на чело со претседателот Александар Стефанов. Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, прво одржа краток говор и им честита на момците за големиот успех, а потоа сите лудо прославија во соблекувалната. Федерацијата за овој успех им вети на ракометарите и стручниот штаб премија од три милиони денари.

Македонија ждрепката за собирот во Скандинавија најверојатно ќе ја дочека од третиот шешир.