• Александар Ковачев

Ракометарите на МАКС Струмица по синоќешниот пораз од Нексе на домашен терен со 20-30 ги заврши натпреварите во СЕХА лигата без да забележат ниту една победа.
„Нексе одигра навистина добар натпревар. Желбата да се оствари првата победа не беше реална. Премногу повредени и млади играчи не ни дозволија да постигнеме подобри резултати. Сега ни останува да се насочиме кон домашното првенство“, изјави по натпреварот тренерот на Макс Струмица, Ванчо Трендафилов.
Кон својот тренер се надоврза и ракометарот Петар Масев, кој нагласи дека Нексе натпреварот го добија на искуството.
„Одигравме добар натпревар, меѓутоа од спротивната страна имавме далеку поискусен и подобар тим, кој заслужено победи“, изјави Масев.