Трендафилов: Мешков Брест беше многу посилен од нас

Новиот стратег на нашиот ракометен вицепрвак Макс Струмица, Ванчо Трендафилов дебитираше со убедлив пораз на гости кај Мешков Брест од 39-20 во рамките на СЕХА лигата.

"Честитки  до Брест и тренерот Бебешко за победата. Во текот на целиот меч домашната екипа беше многу посилна од нас. Се обидовме да парираме колку што можеме со  нашиот млад тим. Генерално играта на теренот беше коректна од двете страни." - изјави тренерот Тренфафилов.

Со свое видување по крајот на мечот излезе и најискусниот во екипата, и еден од ретките играчи кој го преживеаа егзодусот во клубот од Струмица, Златко Везенковски.

"Дојдовме тука со млади играчи, сакавме да играме колку што е можно повеќе, со секој наш напад се обидувавме да добиеме искуство плус. Брест апсолутно ја заслужи победата и му честитам."- истакна Везенковски.