Требаше да биде вардарец, но тргна кон Бундеслигата

Екипата на Вардар доби големо засилување во името на Жилберто Дуарте, со него се потпиша договор, меѓутоа работите се променија откако „црвено-црните“ добија исфрлање од Лигата на шампионите и тој ќе бара нова средина.

Левиот бек кој има 31 година веќе во Гепинген, каде преговара со бундеслигашот. Двете страни го имаа првиот контакт и се многу близу до потпис на договорот. Дуарте ќе биде едно од позвучните засилувања во клубот во поновата историја.

Последен пат Дуарте играше за Монпелје од Франција. Дуарте е играч со огромно искуство, настапуваше за екипите на Порто, Висла Плок и Барселона, а во последнаа сезона во Лигата на шампионите даде 24 погодоци.

Тој има и 91 настап за репрезентацијата на Португалија, со 283 погодоци зад своето име.