Трансферот на Тарабокија во Металург го „договори“ Златко Хорват! 

Откако пропадна преминот на Бразилецот Тешеира, раководството на Металург беше приморано повторно да се активира на трансфер-пазарот и да ја продолжи потрагата по среден бек. 

<<< ПОВРЗАНО - Супер-засилување за Металург, Тарабокија е нов среден бек!

Во игра беа неколку ракометари, но на крај одлуката падна на босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија. 31-годишниот организатор на играта е задоволен од трансферот во поранешниот македонски шампион, а за Gol.mk откри кој беше клучниот фактор за неговиот премин во Автокоманда.

„Откако се пресели во Металург, Златко Хорват ме контактираше и ми рече дека клубот е заинтересиран за мене. Потоа ме спои со челните лица на клубот и среќен сум што на крај успеавме да најдеме заеднички јазик“, ни рече босанскиот репрезентативец.

Тарабокија последната сезона ја мина во Унгарија каде го носеше дресот на Чурго. Најголемите успеси тој ги оствари во Висла Плок, со коj одигра неколку натпревари против Вардар во Скопје