ТРАНСФЕРИ: Како „пазареа“ македонските суперлигаши пред стартот на новата сезона

Поголемиот дел од ракометните екипи ширум Европа уште одамна ги затворија своите состави за оваа сезона, а македонските суперлигаши, стандардно во август-септември ги оформуваат костурите на тимовите, но уште се отворени за нови трансфери. Трансфер бомбата во овој преоден рок кој и натаму трае, е преминот на Филип Кузмановски од Металург во Еурофарм Работник.

Вардар и Металург ќе го прескокнат регуларниот дел од Суперлигата поради настапот во СЕХА лигата, додека од другите десет екипи што ќе играат, битолските ривали Пелистер и Еурофарм Работник се најголеми кандидати за пласман во плеј-офот. 

Пролет, Охрид, Бутел Скопје, па и Радовиш и Струга, се чини рамноправно ќе се борат за уште две места кои водат во разигрувањето за титулата, а проблеми на фаворизираните тимови со сигурност ќе им прават Прилеп и Вардар Јуниор. Борец поради доцниот старт на подготовките и поради играчкиот кадар, нема што да бара во оваа конкуренција.

Погледнете како „пазареа“ суперлигашите досега:

Вардар

дојдоа:
Дејан Милосављев - Партизан
Сергеј Горбок - ПИК Сегед
Сташ Скубе - ПИК Сегед
Дмитри Кисељов - Санкт Петерсбург
Глеб Калараш - Магдебург
Марко Мишевски - Вардар Јуниор
Андреј Петковски - Вардар Јуниор
Марко Кизиќ - Вардар Јуниор
Грегор Оцвирк - Целје Пивоварна Лашко
Калифа Гедбан - Анхел Хименез

заминаа:
Арпад Штербик - Веспрем
Страхиња Милиќ - непознато
Мијајло Марсениќ - Фуксе Берлин
Жоан Кањељас - ПИК Сегед
Хорхе Македа - ПИК Сегед
Лука Циндриќ - Киелце
Илија Абутовиќ - Рајн Некар Левен

Металург

дојдоа:
Томислав Јагуриновски - Пелистер
Бојан Маџовски - Пелистер
Адриан Миличевиќ - Пореч
Предраг Мијатовиќ - Партизан
Теодор Тодески - Прилеп
Михајло Младеновиќ - Металург 2
Лука Стојановиќ - Талент Плзен
Стефан Додиќ - Металург 2

заминаа:
Жарко Пешевски - Мотор Запорожје
Александар Гуглета - непознато
Вања Илиќ - Ла Риоха
Давор Палевски - непознато
Борјан Маџовски - Пелистер
Филип Кузмановски - Еурофарм Работник

Еурофарм Работник

дојдоа:
Милан Ѓукиќ - Железничар
Никола Ивановиќ - Црвена Ѕвезда
Никола Маркоски - Орошази
Благојче Трајкоски - Охрид
Андрија Мандиќ - младинци
Димитриј Блажевски - младинци
Филип Кузмановски - Металург

заминаа:
Златко Мојсоски - Бутел Скопје
Евгениј Умовиц - непознато
Рати Мсквилидзе - непознато
Дарио Петровски - Струга

Пролет

дојдоа:
Ѓорѓи Дука - младинци
Бојан Манев - Спартак
Бојан Николовски - Бутел 

заминаа: 
Филип Ролевски - Прилеп

Пелистер

дојдоа:
Милан Поповиќ - Вац
Харис Плех - МИК Хентбол
Борјан Маџовски - Металург
Мошен Карамиан - Иран
Никола Стоилевски - Бутел Скопје
Владимир Зејак - Црвена Ѕвезда
Вук Перовиќ - Куенка
Марко Кобетиќ - Охрид
Огњен Лековиќ - Партизан Тиват
Табанге Черубин - МИК Хентбол

заминаа:
Томислав Јагуриновски - Металург
Бојан Маџовски - Металург
Теимураз Орјоникдзе - ФТЦ
Михајло Митиќ - Моразо Кањас
Жарко Чуриќ - КРАС Волендам
Александар Босеовски - крај на кариера
Јагош Брауновиќ - Охрид
Мартин Јовановски - Охрид
Златко Везенковски - Охрид
Пеце Рајатовски - Кастриоти
Богдан Николиќ - непознато

Охрид

дојдоа:
Лазар Петровиќ - Партизан
Златко Везенковски - Пелистер
Мартин Јовановски - Пелистер
Борче Соколов - Радовиш
Дарио Симоноски - Металург Јуниор
Јагош Брауновиќ - Пелистер
Кристијан Димитриески - младинци
Јован Трајкоски - младинци
Михаил Иваноски - младинци
Дарко Георгиевски - Ред Бојс Диферданж

заминаа: 
Благојче Трајкоски - Еурофарм Работник
Марко Кобетиќ - Пелистер
Кирил Колев - Кастриоти
Пеце Ѓорѓиоски - Прилеп
Бојан Спасовски - Бутел Скопје
Јовица Младеновски - Бутел Скопје
Јане Јанчев - Паргас ИФ

Радовиш

дојдоа:
Лука Бујиќ - Морнар Бар
Ивица Лазаревски - Борец
Јован Ѓорѓиев - младинци

заминаа:
Рудолф Билиќ - Теутонија Римке
Мирко Мајиќ - Бутел Скопје
Александар Марков - Биберах
Борче Соколов - Охрид

Прилеп

дојдоа:
Божидар Крстевски - непознато
Христијан Тодоровски - Пелистер
Ангелче Органџиев - Борец
Пеце Ѓорѓиоски - Охрид
Кире Мачавелов - Борец
Петар Шулевски - Риниа
Филип Ролевски - Пролет

заминаа:
Теодор Тодески - Металург

Борец

дојдоа: /

заминаа:
Ивица Лазаревски - Радовиш
Филип Николов - Бутел Скопје
Кире Мачавелов - Прилеп
Зоранчо Стојановски - крај на кариера
Ангелче Органџиев - Прилеп
Игор Павловски - крај на кариера
Даниел Постоловски - крај на кариера

Бутел Скопје

дојдоа:
Мирко Мајиќ - Радовиш
Милан Жегарац - Исланд
Богдан Панченко - Портовик Јужњи
Бојан Спасовски - Охрид
Филип Николов - Борец
Марко Божиновски - Металург 2
Јовица Младеновски - Охрид
Златко Мојсоски - Еурофарм Работник

заминаа:
Стефан Николовски - Работнички
Андреј Маркудов - непознато
Александар Димовски - Работнички
Никола Стоилевски - Пелистер
Петар Виларов - непознато
Бојан Николовски - Пролет

Вардар Јуниор

дојдоа: /

заминаа: 
Никола Димитров - Работнички
Кристијан Атанасовски - Работнички
Никола Кизиќ - Струга
Стефан Трпчевски - Струга
Марко Мишевски - Вардар
Андреј Петковски - Вардар
Марко Кизиќ - Вардар

Струга

дојдоа:
Лексо Цителишвили - МИК Хентбол
Стефан Трпчевски - Вардар Јуниор 
Ненад Костески - Металург 2
Гиорги Арвелоди - Митјиланд
Никола Кизиќ - Вардар Јуниор
Дарио Петровски - Еурофарм Работник

заминаа:
Кире Башевски - Преспа